Препознајте ја сувата кожа

Print
dry_skin

 

Препознајте ја сувата кожа

Сувата кожа се смета за тип кожа — исто како што се мрсна, нормална, комбинирана, итн. Кога кожата ви е сува значи дека речиси немате маснотии на кожата. Сувата кожа може да се подобри или да се влоши во зависност од внатрешни и надворешни фактори, како што се: времето надвор, годишното време, режимот за нега на кожата и многу други. Луѓето со сува кожа обично на лицето имаат суви делови во кои кожата се лупи. Овие луѓе се чувствителни на екстремни температури и кај нив полесно се забележуваат ситните линии и брчките. Добрата страна на сувата кожа е поретката појава на акни во споредба со мрсната кожа.

Ако имате сува кожа дефинитивно треба да изберете млеко за чистење лице со формула за сува кожа што ќе ви помогне да ѝ ја дадете потребната хидрација на кожата. Пожелно е да користите и серум за лице во комбинација со дневен и ноќен хидрантен крем што ја хранат сувата кожа. И се разбира, ако сакате целото тело да ви биде хидрирано, користете хранливо млеко за тело со кое ќе се мачкате веднаш по капење или по туширање додека е кожата уште влажна. Доброто е што може да ги ублажите симптомите и кожата да ви изгледа прекрасно.

Причини за дехидрирана кожа

Дехидирана кожа е состојба што може да се појави кај секој тип кожа, без разлика каква ви е кожата. Со други зборови, секоја кожа е склона на дехидрација. Кожата дехидрира кога на телото му недостига потребната влажност и одвнатре и однадвор. Како што Сузан Бауерман, стручњак во Herbalife Nutrition, секогаш вели, најголем дел од луѓето треба да пијат по 8-12 чаши течност на ден (околу 2-3 литри). Но потребите варираат во зависност од возраста, од полот и од нивото на активност.

Всушност, симптомите на дехидрирана кожа се многу слични на оние кога ќе изгорите на сонце. Кожата може да биде дехидрирана во секој период од годинатa, а состојбата често се влошува од временските услови, од клима уреди, висока температура дома, ветер, бањи и сауни и, се разбира, од изборот на нашиот начин на живот. Треба да внимаваме и што ставаме на кожата. Ако користите производи за нега на кожа што содржат голем процент штетни и надразнувачки состојки или состојки што не се дерматолошки тестирани, тие може уште повеќе да ја влошат состојбата.

Што може да направиме? Одржувајте го телото хидрирано на тој начин што ќе пиете многу вода. Внимавајте што консумирате и што нанесувате на телото. Не ги изоставајте навиките за нега на кожата наутро и навечер. Побарајте производи со состојки што ја навлажнуваат кожата, како што е алоја вера, за да ѝ ја дадете на кожата потребната влажност што ѝ недостига. Изберете млеко за чистење лице и тело без додадени сулфати што ќе ви ја направи кожата понежна. И секогаш мачкајте се со хидрантен крем од глава до пети за да ја одржувате кожата хидрирана преку целиот ден. Ако и понатаму имате проблеми, може да размислите да си набавите навлажнувач на воздухот што ќе ја зголеми влажноста во домот или на работа.

Ако добро ја одржувате хидрацијата на телото и одвнатре и однадвор, ќе имате здрава и младешка кожа. Здрава исхрана во комбинација со редовна нега на кожата е тоа што ѝ треба на кожата. Запомнете, најздравата кожа е секогаш најубава.

 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 03:22:22 | NAMP2HLASPX03