Како да изгледате најдобро што може за возраста

Print
look_best

Нега на кожата кога ќе наполните 30 години

Во овој период ќе почнете да забележувате знаци на стареење. Кожата почнува да ги губи колагенот и еластинот, па затоа може да забележите појава на ситни линии. Може ќе треба да ги смените практиките за разубавување и да користите повеќе производи за одржување на влажноста на кожата.

Знаците на стареење обично се забележуваат и околу очите. Во оваа деценија од животот треба да додадете уште еден чекор во вашите практики за разубавување, бидејќи треба особено да се фокусирате на кожата околу очите.

Нега на кожата кога ќе наполните 40 години

Во 40-тите години, жените најчесто се жалат за нерамномерно тонирана кожа. Ова се случува поради многучасовно седење на сонце, од што се појавуваат дамки на стареење (затоа не заборавајте да нанесувате млеко за сончање). Причина може да биде и бременост и кај некои бремени жени се појавува мелазма (уште позната и како трудничка маска).

Хормонските промени во оваа деценија од животот, како и можноста за почеток на менопауза, ќе ве натераат да се запрашате каде ви е младешката кожа. Во овој период, најдобро е да посетите дерматолог за да ви даде совети и можни третмани за промените на кожата, што ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате најдобро.

Многу жени по четириесеттата година се убедени дека практикуваат соодветен режим за нега на кожата, па може да им биде проблем да сфатат дека треба да ги променат старите навики и да создадат нови. За да си олесните, постојано правете мали промени, па кога ќе се појави проблем, да може со само уште неколку минимални промени да си ја вратите кожата под контрола.

Нега на кожата над 50 години

Како што стареете, многу е важно да ја одржувате влажноста на кожата. Додека да наполните 50 години, кожата го губи еластинот и може да стане млитава. Иако не може да го вратите времето, може да ја одржувате хидрацијата на кожата (и на телото).

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 03:23:57 | NAMP2HLASPX04