Совети како да станете фит со возење велосипед

Print
cycling_tips

Времетраење наспроти интензитет

Времетраењето и нивото на интензитет на тренингот ќе ви помогнат да утврдите како трошите калории. Ќе треба да вежбате повеќе време додека да поставите правилна рамнотежа меѓу овие два фактори. Треба да возите со интензитет што одговара на вашето моментално фитнес ниво, но истовремено да ве натера да излезете од зоната на удобност. Треба и да утврдите по колку време може да возите. Ако сакате да постигнете најдобри резултати, треба да го слушате телото и да си бидете сам свој тренер.

Рамномерно, бавно темпо на почеток 

Ако неодамна почнавте со вежбање, за почеток ви препорачувам пријатно возење со рамномерно, умерено темпо. Возете од 45-60 минути со умерен интензитет.

Многу е важно да возите со бавно темпо ако сте почетник или ако не сте возеле долго време. Навистина е добро да го навикнете телото на вежбање со бавно до умерено темпо. Ако почнете со интензивно возење уште првиот ден, ќе го шокирате телото и нема да сакате да возите повторно.

Поголема брзина за трошење повеќе калории

Сменете брзина и забрзајте го темпото. Колку побрзо возите, толку повеќе ќе го активирате телото и ќе трошите повеќе калории. Возете со поголем интензитет.

Предизвик со менување темпо

Возењето велосипед во интервали е одлично за согорување калории и за подобрување на кардиоваскуларното фитнес ниво. Менувањето темпо на кратки интервали е предизвик што може да го прифатите особено ако немате многу време. Ако правите пократки паузи, возењето ќе биде уште поинтензивно.

Поголем отпор за да изградите мускули

Возете по стрмнини за да го зголемите отпорот. Имајте предвид дека секогаш треба да носите заштитна опрема за возење велосипед, особено кацига. Ако возите надвор, одете на стрмен рид за да ги напрегнете мускулите. А, ако возите статичен велосипед, менувајте ја позицијата на менувачот за отпор додека не најдете ниво што е тешко, но сепак успевате да го одржувате темпото. Внимавајте да не се исфорсирате премногу бидејќи така ќе ги напрегнете колената и тоа може да предизвика непотребни болки и повреди... Секогаш кога возите статичен велосипед замислувајте си дека возите надвор. Запрашајте се: Дали ќе можам да се искачам на ридот без да изгубам рамнотежа? Ако одговорот е не, тогаш малку намалете го отпорот. Возењето статичен велосипед нека ви биде слично како кога возите надвор.

Возете и издржете подолго

Ако сакате да си ја подобрите издржливоста, секое наредно возење треба да ви биде подолго. Времетраењето треба да одговара на моменталното фитнес ниво. За издржливост е добро да возите по деведесет минути или повеќе, но ако сте почетник 30 минути е сосем доволно. Постепено зголемувајте ги километражата и времето и форсирајте се секое возење да ви биде малку подолго од претходното. Побарајте медицинска помош ако почувствувате чудна болка. За да не ви биде здодевно додека возите велосипед пробајте некои од моите предлози.

Саманта Клејтон, AFAA, ISSA – потпретседател, Глобални спортски перформанси и фитнес во  Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 03:35:04 | NAMP2HLASPX01