Како да стекнете здрави фитнес навики

Print
How_to_Create_Healthy_Fitness_Habits

Излезете надвор

Вежбањето на отворено во убава околина е одличен начин да уживате во физичката активност. Многу луѓе сфаќаат дека иако планирале да пешачат околу 20 минути, пешачењето се одолжило заради тоа што уживале во околината. Секој човек го привлекува нешто различно. Некои луѓе уживаат во планини и ливади, додека други ги возбудуваат полните улици во градот. Важно е да знаете во што уживате повеќе и да стекнете навики во таков тип средина.

Бидете креативни кога сте во затворен простор

Ако немате можност да вежбате на отворено, вежбајте во близина на прозорец за да може да гледате надвор. Ако ве мотивира да гледате како други луѓе вежбаат, во фитнес клубот одберете кардио справа што е свртена накај другите справи. На следниот тренинг, размислете за тоа колку работите што ги гледате влијаат врз вашата енергија.

Определете си место за вежбање

Ако планирате да вежбате дома, определете место за вежбање и ставете ја подлогата за вежбање на подот. Стекнете навика да вежбате секој ден на истото место дома. Ако определите место, тоа ќе ви овозможи да се фокусирате и да се сконцентрирате на вежбањето. Расчистете го просторот околу подлогата за вежбање и така ќе може слободно да се движите; колку е посреден просторот, толку помалку стрес ќе чувствувате.

Пуштете си музика за да си го подобрите расположението

Музиката што ја слушате додека вежбате влијае врз тоа како се чувствувате и со каков интензитет вежбате. Изберете ги омилените брзи песни кога планирате напорен тренинг за кој ви треба дополнителна мотивација. Кога сакате да вежбате со бавно темпо, пуштете си музика што ќе ве инспирира и ќе ви помогне да го одржувате темпото додека вежбате. Кога се истегнувате и вежбате јога, пуштете си бавна музика што ќе ви помогне да го намалите стресот.

Приготвувајте си вкусен напиток за тренинг

Стекнете добра навика да бидете хидрирани додека вежбате. Приготвувајте си го омилениот напиток и на овој начин со нетрпение ќе го очекувате тренингот. Внимателно изберете го напитокот затоа што не треба внесете преголема количина шеќери и калории. Добра опција е да изберете електролитен напиток приготвен со вода и со омиленото овошје или спортски напиток што содржи мала количина шеќери.

Користете мириси за подобро расположение

Кога помислувате на вежбање, сигурна сум дека ви текнува на мирисот од испотените чорапи и од старата торба за опрема. Најверојатно, тоа не е мотивацијата што ја барате. Ставајте си парфеми што ви го подобруваат расположението и нивото на енергија. Изберете си одреден мирис што ќе ве потсеќа на вежбање, ова е одличен начин да стекнете здрава навика. На пр., мирисот на лаванда делува смирувачки и релаксирачки. Пред да вежбате јога, напрскајте мирис од лаванда и тоа совршено ќе ве смири.

Ако треба да се раздвижите, мирисот на ментол ќе ви даде енергија. Маслото од ментол не е скапо, а неговиот мирис одлично ќе ви делува кога сте изморени. Лимонот има освежувачки мирис што ги буди сетилата и е совршен да се користи пред вежбање

Приготвувајте си храна што изгледа убаво

Приготвувајте си вкусни, разнобојни оброци и ужини што изгледаат убаво. На пр., ако црвената боја ви е омилена, додајте црвени пиперки, јагоди или црвени јаболка во ужините. Секогаш сме посреќни кога јадеме храна што изгледа убаво и затоа често нè привлекуваат убаво декорираните торти. Најчесто, здравата храна не изгледа толку привлечно. Но, ако сме малку креативни и ако потрошиме малку време, може да приготвиме здрави оброци што изгледаат убаво..

Саманта Клејтон, AFAA, ISSA – потпретседател, Глобални спортски перформанси и фитнес во Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.01.2019 10:37:59 | NAMP2HLASPX01