Како да станете фит ако сте на почеток

Мојата фитнес програма „Биди фит 1, 2, 3“
Print
How_to_get_fit100x92

Биди фит 1

Активирајте се

Фитнесот и вежбањето може да ви изгледаат како преголем предизвик, затоа само поттурнете се да бидете поактивни и да станете фит. Ова значи дека може само да се истегнете или да пешачите во населбата. Подобро е да бидете барем малку активни отколку воопшто.

Ако не сте фит, тогаш не треба да се форсирате. Едноставно правете нешто секој ден за да бидете активни.

Анализирајте

Отворете го распоредот и видете кога имате време да бидете активни. Сметате дека немате два часа за да одите во теретана, да се преоблечете, да вежбате, пак да се преоблечете и да се вратите дома? Во ред, да почнеме со помалку време. Може да одделите една минута пред појадок или две минути по работа?

Се разбира дека нема да почнете со брзо и опасно качување по планина, но може полека да  се пуштите во акција. Издвојте неколку минути за да се истегнете. Пробајте да го дофатите таванот на собата или нежно свиткајте го грбот и уживајте во чувството. Со тек на време, од две минути зголемувајте за да стигнете до пет.

Водете евиденција

Знаете дека треба да вежбате. И јас знам дека треба да вежбате. Додајте си го ова на листата работи што ги правите и бидете активни секој ден.

И една минута да се истегнувате пред да појадувате, запишете си. И да испешачите до крајот на улицата, запишете си. Повеќе ќе сакате да вежбате ако водите евиденција и по пет дена ќе имате црно на бело дека сте вежбале барем пет минути.

Можеби сè уште не сте на врвот, но тргнавте натаму!

Биди фит 2

Дишете длабоко

Во мојот случај, фитнес намалувањето на фитнес нивото беше поради брзиот начин на живот и стресот. Тоа ме научи дека треба да си одвојам време да дишам длабоко.

Токму сега, додека го читате ова, вдишете длабоко и почувствувајте како градниот кош ви се шири. Сега бавно издишувајте. Обидете се да го издишите целиот воздух од белите дробови.

Ако се сконцентрирате на дишењето, тоа ќе ви помогне да се фокусирате, затоа најдете си нешто што го правите секој ден и тоа нека ви биде потсетник да се опуштите и да дишете длабоко. Може да дишете длабоко додека чекате да се свари кафето или додека ги наводнувате цвеќињата. Јас го практикувам ова кога децата ќе излезат од автомобилот за да одат на училиште, длабоко земам воздух пред да продолжам да возам и да ги завршам останатите обврски во денот.

Нема да се искачите блиску до врвот ако не одвоите време за да се сконцентрирате на дишењето и да направите процена како напредувате.

Направете пауза

Направете пауза. Сите сме зафатени и воопшто немаме време, но дали навистина не можете да направите пауза пет минути? Можеби нема да верувате, но ќе бидете попродуктивни ако се одморите малку. Прошетајте од едниот до другиот крај на собата или излезете на воздух, ова ќе ви помогне повторно да се фокусирате, а воедно ќе бидете активни во текот на денот.

Ако одвоите малку време да прошетате околу работниот простор, не заборавајте да си запишете. Секој чекор ве води поблиску до врвот на вашето фитнес ниво.

Поставете рамнотежа

Ако најдете начин да поставите рамнотежа меѓу новите активности и секојдневните потреби, поголема е шансата да ги извршите сите предвидени активности во текот на денот. И понатаму треба да ги извршувате обврските, да се дружите со пријателите и да правите работи од секојдневниот живот. Никој не сака да биде досаден, затоа поставете правилна рамнотежа во животот. Тоа значи дека треба да бидете поактивни од порано, но не претерувајте, за да не се случи да не можете да го одржите нивото на активност.

За да стигнете до врвот, треба да одржувате темпо.

Биди фит 3

Направете промени

Промените нема да се случат сами по себе, треба вие да ги направите. Сите може да се надеваме на нешто и да сонуваме, но нема да станеме фит ако не преземеме чекор за да бидеме активни.

Мора да бидете искрени сами со себе секој ден. Ако поминал денот, а не сте биле активни, не заборавајте дека не се прибилижувате до врвот. Стоите во место или дури и се враќате назад.

Луѓето околу вас

Луѓето околу вас може да ви помогнат да го регенерирате телото и да станете фит. Семејството, пријателите, колегите може да ви помогнат да одвоите повеќе време за да бидете активни, а може и да добијат желба да ви се придружат додека цврсто чекорите кон врвот. Веројатно не сте единствената личност што сака да биде фит. Кажете им на сите што се обидувате да постигнете и пријателите ќе ве мотивираат. Ќе бидат горди на вас што сте ја зеле контролата во свои раце.

Полесно ќе стигнете до врвот ако имате друштво.

Бидете посветени

Ниеден од моите совети нема да ви помогне ако не се посветите да бидете активни. Се надевам дека добивте мотивација додека го читавте ова. Искористете ја веднаш: раздвижете се, истегнете ги рацете или вдишете длабоко и допрете ги прстите на нозете. Ако навистина се мотивиравте, размрдајте се и измамете насмевка на лицето!

Сега откако почнавте, посветено чекорете кон врвот секој ден. Набргу ќе погледнете назад и ќе видите колку далеку сте се искачиле.

Саманта Клејтон, AFAA, ISSA – потпретседател, Глобални спортски перформанси и фитнес во Herbalife


Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.10.2019 02:42:32 | NAMP2HLASPX03