Четири забавни причини зошто да пробате сурфање со весло

Print
PaddleBoarding

 

 

1. Подобро држење на телото и поголема рамнотежа

Кога се обидувате да сурфате со весло, трупот неизбежно го активирате, а телото го држите во правилна положба. Во принцип, цело време мора правилно да го држите телото за да одржувате рамнотежа, во спротивно ќе паднете. Ладната вода и борбата да се вратите на штицата што се движи по секое паѓање во вода ќе ви помогнат за кратко време да добиете осет за држењето на телото.

2. Вежба за стомачните мускулите и за рамената

За да помогнат во стабилизирање на положбата на телото, мускулите на трупот работат непрекинато. На тоа ги додавате движењата со веслото, па добивате предизвик за совршени рамена и совршена фигура. Плус, отпорот на водата ви помага да се зацврстите.

3. Подобра психичка состојба

Секојпат кога ќе паднете во вода, сигурна сум дека ќе се смеете како мало дете.

Кога ќе почнете да му влегувате во штос на сурфањето со весло, ќе почнете да се чувствувате горди зашто совладувањето на оваа интересна, но тешка активност, многу ќе ви ја зголеми самодовербата.

Пловењето по водата ќе ви донесе мир и спокојство и тоа го прави сурфањето со весло вистинска вежба и за мозокот и телото.

4. Најдобра вежба за цело тело додека сте на одмор

Сурфањето со весло е одамна спорт, но познатиот сурфер Лерд Хамилтон од неодамна помогна оваа забавна активност во вода да стане попозната и да добие поголемо значење. Привилегија е што поминав некое време со Лерд и се восхитувам на неговата страст за овој спорт. Тој навистина сака луѓето физички да се активираат со оваа извонредна вежба за мозокот, телото и духот.

Син ми се научи да сурфа со весло минатата година на одмор, а и ќерка ми сакаше да се забавува, но брилираше и во одморање! Одлична комбинација за одмор – време за релаксирање и време да останеш во форма. Се надевам дека кога ќе одите на одмор ќе пробате да сурфате со весло и ќе го засакате исто колку и јас. Ќе се забавувате, ќе си поставите предизвик, а воедно и ќе согорувате масти и ќе се зацврстите.

Која физичка активност и да ја одберете на следниот одмор, нека биде безбедна и забавна.

Саманта Клејтон, AFAA, ISSA – потпретседател, Глобални спортски перформанси и фитнес во Herbalife

 

 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 21.04.2019 11:14:03 | NAMP2HLASPX01