Останете во форма за празниците

Print
Останете во форма за празниците
Во последните месеци од годината, кога времето заладува и кога има многу празници, многу е тешко да се држиме до своите здравствени и фитнес цели. Тешко ни е да останеме мотивирани кога сме опкружени со празнични прослави, патувања и вкусни, домашни јадења. Голем дел од нас не можат да им одолеат на овие празнични искушенија, па дури откако ќе поминат празниците и ќе се стопли времето повторно се фокусираат на исхраната и на физичката активност.

Планирајте

Кога се во прашање здравјето и wellness состојбата, не треба да импровизирате. Истражувајте за здрави навики во исхраната и за вежби за различни фитнес нивоа за да добиете знаење и на база на тоа трудете се да ги постигнете своите цели во текот на годината.

Побарајте планови на оброци и рецепти со вашите омилени производи, како и идеи за брзи рецепти за кога ќе немате многу време. Секогаш носете си хранливи ужини кога сте во движење, особено кога патувате. Ако не можете да ѝ одолеете на храната за време на празниците, ветете си дека ќе каснувате по малку од омилените специјалитети и дека нема да ја преполнувате чинијата со секое јадење.

Зачувајте си ги омилените вежби во телефон, испечатете ги или запишете си ги на лист за да ви бидат при рака. Ако не можете да одите до фитнес клубот или ако обично вежбате надвор, но временските услови не го дозволуваат тоа, не грижете се! Имате зачувано вежби што може да ги правите во домашни услови. Или, пак, ако распоредот ви е преполн со обврски околу празниците и немате време, опуштете се, затоа што имате зачувано кратки вежби што може да ги правите на секое место во период од 15 до 30 минути. Ако немате мотивација за вежбање поради одредена причина, ќе ви биде уште потешко ако треба и да смислувате вежби, а вака, со веќе готов план, ќе ви биде полесно да ги завршите.

Бидете постојани

Во текот на годината, речиси секогаш наоѓаме време да работиме повеќе, да ги гледаме омилените серии или да поминуваме време на социјалните медиуми за да видиме што има ново, но кога ќе го запоставиме вежбањето, си велиме, „Немав време“. За време на празниците, главни изговори ни се излегувањата и патувањата.

Здравјето и wellness состојбата треба да ви бидат на прво место во текот на целата година, затоа што постојаноста е клучна за водење посреќен, поздрав живот. Размислете за своите цели, но не фокусирајте се само на тоа како сакате да изгледате. Размислете како се чувствувате и што треба да направите за да изгледате така. Направете си план и држете се до него 10 дена, па 30 дена, па 60 дена, па и за време на празниците, и ќе видите колку сте блиску до тоа што го замисливте. Тука веќе не станува збор за диета или за фитнес предизвик, туку за начин на живот; ваш здрав, активен начин на живот.

Забавувајте се

За да водите здрав, активен начин на живот, треба да уживате во него, а не да чувствувате како тоа да ви е обврска.

  • Вежбањето не треба да ви биде казна. Не форсирајте се само затоа што сте пропуштиле еден тренинг и не прескокнувајте оброци ако претходно сте изеле поголема порција. Трудете се да поставите рамнотежа.
  • Изберете вежби што ви одговараат, најдете си партнер со кој заедно ќе бидете одговорни и ќе си давате поддршка еден на друг. За време на празниците е тешко да вежбате, затоа давајте си поддршка и мотивација еден на друг.
  • Трудете се да вежбате на различни места, на пр., на плажа или во парк или пробувајте нови вежби што ви се допаѓаат.
  • Прославувајте за постигнатите резултати! Почестете се за вредната работа, но не со храна, туку одете на кино, купете си нова опрема за вежбање или блендер за да си правите здрави шејкови.
Саманта Клејтон, AFAA, ISSA – потпретседател, Глобални спортски перформанси и фитнес во Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 22.02.2019 10:28:12 | NAMP2HLASPX01