10 совети како цела година да се придржувате

до одлуките што ќе ги донесете
Print
10 совети како цела година да се придржувате
Препознајте ги навиките што треба да ги смените

За да ги смените лошите навики и за да ги замените со поздрави, прво што треба да направите е да размислите кои се вашите моментални навики. На пример, ако јадете повеќе отколку што треба, признајте си дека се прејадувате, а истовременo и дозволете си да кажете дека ви е смачено од вашето однесување.

Донесете разумни одлуки

Првиот чекор што треба да го преземете за да ги исполните одлуките што ќе ги донесете е тие да бидат разумни. Многу е подобро да го направите тоа отколку да си поставите нереални цели и да се откажете уште непочнати.

Донесете конкретни одлуки

Кога носите одлуки, гледајте тие да бидат што поконкретни. Убаво е да кажете дела сакате да внесувате помалку масти, но реченицата е премногу нејасна. Наместо тоа, може да си поставите мерлива цел да го ограничите дневниот внес на масти да ви биде 40 грама.

Наредете ги одлуките по приоритет

Ако списокот со одлуки ви е долг, наредете ги по приоритет и најпрвин исполнете неколку од најлесните. Тоа ќе ви даде самодоверба дека можете да го исполните тоа што сте го зацртале. Но, ако ви се чини дека се обидувате да направите премногу промени одеднаш, скратете го малку списокот.

Посветете им се на одлуките Откако ќе донесете одлуки, запишете ги негде. Кога вашите планови и предизвици ќе ги имате на писмено, полесно ќе ви биде да им се посветите.

Направете план како да почнете со новите навики

Откако ќе одлучите да направите нешто, испланирајте како да ги спроведете
новите навики во пракса. Ако се обидувате да ги смените навиките во
исхраната, фрлете ја секоја брза храна од дома. Ако планирате да готвите
повеќе оброци дома, во фрижидерот, замрзнувачот и шпајзот снабдете се со
соодветна храна.

Практикувајте ги новите навики и водете си евиденција

Бидете трпеливи – потребно е време да стекнете нови навики и тие навики да
ги чувствувате природно и пријатно. Водете евиденција за мерливите работи
кои се дел од вашите одлуки – калориски внес или внес на масти, колку порции
овошје и зеленчук сте изеле, или колку пати неделно сте си спакувале здрав
ручек наместо да јадете брза храна.

Учете од грешките

Наместо да им се покорите на грешките, пробајте да учите од нив. Обидете се
да откриете што ве довело до тоа да потклекнете и размислете како да
спречите повторно да ви се случи истото.

Надоврзете се на и наградувајте ги вашите успеси

Ако во минатото имате сменето некоја навика и истата ја имате задржано,
надоврзете се на тој успех на тој начин што малку ќе ја смените одлуката. И не
заборавајте да се наградите за постигнатите успеси и да си оддадете
признание за вашите постигнувања.

Изградете систем на поддршка

Пријателите, роднините и онлајн заедниците може да бидат извор на огромна
поддршка. Известете ги луѓето околу вас што планирате да постигнете. А кога
им нудите поддршка на други луѓе на кои им е потребна, тоа може да ви
помогне и вам за вашите одлуки.

Сузан Бауерман е директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е
регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска
исхрана
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 03:23:08 | NAMP2HLASPX03