Три начини како вежбањето да ви стане дел од денот

Print
workoutC

1. Навијте го алармот 30 минути порано.

Ова може да ви изгледа нормално, но дефинитивно ви треба мотивација да не го одложите алармот и пак да си легнете.

• Мојот следен совет може ќе ви звучи лудо, но мене ми успеа. Првите неколку недели спијте во широка облека за вежбање или ставете си ги опремата и патиките веднаш до креветот. Кога ќе заѕвони алармот, облечете си ги чорапите и спремни сте за вежбање.
• Најдобро е да почнете да вежбате дома или во близина, така нема да имате изговори за да не одите во теретана или да не отидете некаде. Убаво е да џогирате покрај плажа додека се разденува но, да бидеме реални, треба да завршите со вежбање што е можно побрзо.
• Откако телото ќе се навикне да се буди рано, поместете го алармот уште 10 минути порано за да имате време да се исчешлате и да си ги измиете забите пред да одите да вежбате.

2. Спакувајте си ја опремата за вежбање и понесете ја со вас на работа.

Ако не сакате да се будите рано, тогаш е време за план Б: пешачење за време на ручек. Сметајте го ова како да имате закажано на забар или на фризер. Никогаш не би помислиле да не одиме да си ја скратиме косата, па така и вежбањето треба да го сметаме за задолжително зашто често прескокнуваме или забораваме да се грижиме за здравјето.

• Прашајте некој од колегите ако сака да ви се придружи, така ќе добиете дополнителна мотивација да не пропуштите ниту едно вежбање.

3. Поделете го вежбањето и вежбајте повеќе пати во денот, но пократко.

Ако ви е премногу тешко да вежбате 30 минути без престан, тогаш вежбајте три или повеќе пати во денот, но пократко. Би било добро да го распределите вежбањето преку целиот ден.

• Ова е особено добар совет за мајки со мали деца што не одат на работа, бидејќи е реално остварливо додека  внимаваат на децата да повежбаат 10 минути.
• Ако работите во канцеларија и седите по цел ден, одвојте 10 минути за да се истегнете и да прошетате низ канцеларијата. Ова може да ви го зголеми нивото на енергија и да ви ја подобри концентрацијата.

Полесно ќе постигнете резултати ако физичката активност ја сметате за дел од вашиот начин на живот, а не за нешто што мора да го правите.

Откако одлучив да не си наоѓам изговори и да си одвојам време во денот за вежбање, брзо напредував на часовите за возење статичен велосипед што редовно ги посетував и физичката активност ми стана нешто што го правев без воопшто и да размислам дали да го правам или не. Луѓето дури почнаа да ми даваат комплименти зашто имав дополнителна енергија.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 04:10:11 | NAMP2HLASPX04